НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ НА КОНКУРСОТ НА ТЕМА: „ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ПАТРОНОТ“
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА
ПРВА НАГРАДА - Стефан Митревски IV одд. с.Рибарци
ХЕРОЈОТ СЛАВКО
Полиња рамни и пусти
народ свенат, мачен...
кога Славко минуваше
омраза го затекнуваше.
Еден ден тој пушка в рака зеде
и народ со него против непријателот поведе
тој се бореше до последен здив,
а животот свој за татковината го даде.
Денес, благодарение на Славко, херојот наш
слободно живееме
и без страв нашето знаме може да го развееме.
Славко! Хероју наш чесен
ти ни овозможи слобода и мир
затоа вечно ќе те паметиме
и твоето име ќе го славиме.
ВТОРА НАГРАДА - Давид Марковски IV одд. с. Горно Агларци
СЛАВКО
„За слобода на Македонија“ – рече
па макар и моја крв нека тече
ти до куршуми храбро одеше
смели партизани со себе водеше.
Ја пролеа крвта своја
за слобода моја и твоја
храброста му беше име
за среќно и слободно да живееме ние.
ТРЕТА НАГРАДА - Христијан Велјановски II одд. с. Добромири
ЗАТОА ШТО НИ Е ЧЕСТ
Славко!
Знам зошто гордо звучи
во училиштето за твоето име да се учи!
Во дворот
пред споменикот седам
и со храброста твоја
душа си греам.
Минуваат години бројни,
но и денес пред тебе стоиме
и бескрајно за сè
ти благодариме!
ТРЕТА НАГРАДА - Ивана Велјановска V одд. с.Новаци
ПЕСНА ЗА СЛАВКО
Борец славен беше,
со висока става,
за слобода се бореше
со крената глава.
Со пушка во рака,
ти отиде во бој,
непријател да биеш,
храбро, без да се криеш!
Во зелена гора
животот ти згасна,
со прегрната пушка,
обвиен во утринска зора!
Името твое,
остана славно,
училиштето мое
се вика Славко!
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ ОД ПРЕДМЕТНА НАСТАВА
ПРВА НАГРАДА - Александра Бошевска IX одд
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА СЛАВКО
Во сиромашно семејство тој се роди
роден за непријателите да ги годи
четата своја да ја води
во срцето куршум да го боди.
За насмевка кај неговиот народ,
тој би го убил и царот
со пушка во рака и храброст во срце
желба за слобода се читаше од неговото лице.
Во заседа на ридој тие го фатија
и неговиот живот го скратија
четата дотрча за да го спаси
но, неговиот живот веќе згаси.
Неговата мајка почна да кука
за јуначкото срце кое престана да чука
неговиот татко за него жали
болка во гради како оган се пали.
Ги сакаше сите со целото срце и душа
не сакаше ни мајка ни татко да слуша
со мака го испушти и последниот здив
кој чекаше да излезе како лав, див.
Жените со шамии црни
и солзи како дожд што врне
на гробот негов паѓаат
херои како него повеќе не се раѓаат
ВТОРА НАГРАДА - Марија Митревска IX одд.
ЈУНАКОТ СЛАВКО
Трепети и морници тело обвиваа,
страв до сржта продираа.
Против непријатели в темно горје,
наши борци борба тешка водеа.
Славко рака своја одмазднички крена,
за слобода на татковината раскрварена,
за мир низ народот измачен
за среќа во земја наша поробена.
Долги денови и ноќи луѓето скриени
во своите визби стари чекаа глас,
глас од борци наши в борба заминати
дали да тагуваат или да се радуваат?
Славковото срце в миг осети студен железен допир
тапа болка го облеа и покоси,
падна Славко на колена лесно
проговори: „победа“ – и затвори очи.
Екна насекаде победнички врисок,
народот среќен излезе без страв горделиво
но в час стана глуво,
Стана мачно...
Борци се враќаат со мртво тело
тело на нивниот чесен и храбар пријател.
Умре јунакот Славко в планина,
но победата и мртов ја почувствува.
Сите собрани крај тланик разгорен
борци, мажи, жени и деца
се восхитуваа со храброста на Славко
што животот го даде за Македонија.
Замина тој во ангелски раце
остварувајќи ја мечтата на неговиот народ.
„Славко, храбар јунаку наш
никогаш не те забораваме, ти даваме збор чесен
ти со твоето дело за нас ќе бидеш вечен“.
ТРЕТА НАГРАДА - Елена Талевска VIIб одд.
ЗА СЛАВКО
Сакам да запеам на сиот глас
за јунакот кој се борел за македонскиот спас.
Со него се гордее земјата моја
затоа што ја бранел татковината своја.
Капка по капка – пролеал крв
која тече од Корабовиот врв.
Народот сè уште плаче
за неговиот живот – краток и мрачен.
Името Македонија често го кажувал
и со тоа патриотската љубов ја докажувал.
Народот слободен е сега
и повеќе не се плаши од непријателската стега.