OОУ „Славко Лумбарковски“ с. Новаци, о.Новаци, распишува интерен конкурс за наставници, за учество на мобилност за обука на наставници, финансирана преку Националната агенција за европски образовни  програми и мобилност. 

Обуката за наставници ќе се рализира во периодот април – мај, 2026 година, спроведувана во соработка со организацијата Pixie Academy.

 

Заинтересираните наставници потребно е да достават CV со релевантни информации, според подолунаведените критериуми до Комисијата за избор на наставници – учесници на мобилноста ( просторијата на Стручната служба во училиштето) во рок од 8 дена.

Поддршка на избраните наставници

Обезбедување на соодветна поддршка на избраниите наставници (понуда на материјали за подготовка, кратка презентација за партнерите на проектот и целите на проектот и за земјата каде ќе се организира мобилноста).

Обврски на наставникот

  • Секој наставник кој е избран за реализација на проектот и реализирање на мобилноста по завршување на секоја активност треба да подготви детален и печатен ( со докази ) извештај од посетата на мобилноста за стекнатите знаења и вештини и истите активности треба да продолжи да ги имплементира во текот на наставата
  • Изработка на план за десиминација од страна на наставниците – прецизно изработени акциски планови за дисеминација со предвидени активности за реализација;
  • дисеминација во училиштето: работилници, отворени часови, помош на наставници за имплементација на новостекнатите знаења и вештини
  • Еваулација на реализираниот проект

Потпишување на Договори со избраните наставници ( пред секоја мобилност) – подготовка на договорите (информации за очекуваните исходи кои ќе треба да се постигнат за време на мобилноста и со кои вештини ќе се стекнат наставниците за време на мобилноста, како ќе се документираат стекнатите знаења и вештини, нивните обврски по завршување на мобилноста и во текот на проектот и одржување на дисеминација на останатите наставници и ученици во училиштето).

Критериуми кои ќе се користат при изборот на наставници:

  • мотивот за учество во Еразмус обуките ;
  • напредно/средно ниво на познавање на англискиот јазик;
  • учество во проекти и воннаставни активности;
  • претходно држени дисеминации од други обуки;
  • реализирани интерни обуки;
  • реализирани активности (обуки, семинари, конференции) со други национални или меѓународни институции;
  • употреба и креирање на ресурси во секојдневната настава;
  • употреба на модерни техники и стратегии на подучување во секојдневната настава;
  • интегрирано и одговорно користење дигитална технологија и ИКТ алатки во своите училници;
  • активна работа на E-Twininng порталот и успешно реализирани проекти

Критериуми за евалуација: Знаење за еколошка свест, Вештини за социјална интеракција, Способност за управување со дигитални навики, Способност за прилагодување во групна работа, Да нема претходно искуство со Еразмус+ .

06.03.2026 год.

Директор:
Вецко Стојчевски