По повод Патрониот празник на училиштето, на 29. 03. 2018 год. се реализираа повеќе настани за обележување на Патрониот празник на нашето училиште. Во огранизација на предметните наставници по ФЗО се организираа спортски активности во спортската сала на училиштето.
На 30. 03. 2018 год. се организира Отворен ден на училиштето кој започна со полагање на свежо цвеќе на споменикот на народниот херој и нашиот Патрон Славко Лумбарковски, од страна на Градоначалникот на општина Новаци г-дин Љубе Кузманоски, ВД Директорот на училиштето г-дин Илче Соклевски, роднините на Патронот, како и вработените и учениците. Истиот продолжи со презентации од страна на учениците од одделенска и предметна настава.
Во холот на училиштето течеше презентација посветена на времето помеѓу двата патронати. Презентирана беше и новата Веб страна на училиштето. Во текот на денот беше донесена и новата интерактивна - смарт табла, која веќе е поставена и истата ќе биде функционална.
За Денот на шегата секоја година нашето училиште преку формираната училишна комисија за избор, избира најубави креативни и изработени маски. Беа избрани 12 најубави маски и тоа 6 од одделенска и 6 од предметна настава. На учениците им се доделуваа дипломи, пофалници и скромни подароци од страна на ВД Директорот на училиштето.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Повеќе за настанот можете да погледнете во делот галерија или на следниот линк : Патронат ООУ Славко Лумбарковски