Почитувани колешки, колеги, вработени.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, за преземање дополнителни и заострени мерки и активности, за превенција од ширење на Корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.

 

Заклучоците со мерките на Владата кои, меѓу другото предвидуваат прекин на воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, забрана за масовни јавни настани и забрана за организираните патувања во високо ризичните земји. Истите се однесуваат за период од 14 дена.

Затоа од утре 11.03.2020 год. до 24.03.2020 год. се прекинува воспитно - образовниот процес во нашето училиште. Учениците и вработените се ослободуваат од настава, работа.

Класните раководители да ги информираат телефонски родителите на учениците.

м-р Анета Соклевска да ги информира останатите одделенски наставници.

Вецко Стојчевски да ги информира останатите предметни наставници.

м-р Пецо Ројковски да ги информира останатите стручни соработници.

Билјана Китановска да ги информира административните работници и помошно - техничкиот персонал.

За дополнителни информации обратете се до директорот, помошникот на директорот и секретарот на училиштето.

Со почит,

Директор
м-р Илче Соклевски