Им се соопштува на сите родители од Општина Новаци дека училиштето „ООУ Славко Лумбарковски“ – Новаци ќе врши запишување во прво одделение од 02-05-2023 година за децата родени од 01-01-2017 година до 31-01-2018 година.

Секој родител ќе добие покана за местото и времето на запишување.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

 

1. Добиената покана за упис
2. Лична карта од родителот
3. Извод од матичната книга на родените (за Ученикот)
4. Потврда за редовно вакциниран според Календарот за имунизација (од уредот за здраво Дете) -задолжително
5. Потврда од офталмолошки преглед ( очен доктор ). Преглед - упат од матичен лекар за очно Одделение. Доколку не можете да обезбедите Потврда, можете да приложите фотокопија од Упатот за очно одделение
6. Потврда за извршен стоматолошки преглед – школска амбуланта – здравствен Дом - Битола со закажување на тел. 047 /220 – 520 локал 344 или 072 / 272-189.

Доколку некој од родителите не добие покана, а има дете родено во горенаведените години, должен е да се јави во училиштето за да биде запишано неговото дете.

Во прилог можете да ги погледнете и: